Почина австрискиот милијардер Ричард Лугнер, познат по својот луксузен и екстравагантен начин на живот, пишува „Сан“.
Лугнер имаше 91 година и се бореше со здравствени проблеми во последните неколку месеци. Тој почина во својата вила во Виена.
Милијардерот ја остави сопругата Симоне Рајландер, 42-годишна актерка со која се ожени пред само два месеци. Двојката поминала низ трнлив пат додека не се венчаа. Тие се верија во октомври минатата година, но набргу потоа раскинаа.

Откако се смирија, организираа граѓанска венчавка. На свадбата во градското собрание поканија 50 гости, 30 новинари и бројни видеографи. Венчавката ја изврши истиот матичарот кој го венчаше Ричард и со неговата поранешна сопруга Кети Лугнер.
Првата брачна ноќ ја поминаа во луксузен хотел, а актерката Симоне изјави: „Имавме многу долга прва брачна ноќ. Подолга од свадбата и прославата“.
Извор: slobodenpecat.mk


