Резултатите објавени во стручното списание „Microplastics“ покажаа дека пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок поради микропластиката која во влегува во организмот.
Истражувањето на научниците од Австрија покажало дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците во истражувањето престанале да консумираат течност од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма и тоа во период од две недели.
Крвниот притисок на учесниците за време на истражувањето постојано им бил мерен. По две недели, забележанo е значителенo намалување.
„Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот доколку се намали потрошувачката на пластика, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за зголемен крвен притисок“, изјавија и научниците.
Микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиски, физички и биолошки процеси во нивната околина.
Danas.rs


