Водата како луксуз! Сточарите на Сува Планина се очајни поради сушата

Сува планина, која се протега низ југоисточна Србија, неодамна стана сцена на една од најтешките битки за опстанок. На оваа планина, каде има стада со над 1000 грла крави и коњи, проблемот со недостигот на вода се заканува да прерасне во катастрофа.

Иако сточарите на Сува Планина се навикнати на тешки услови, овојпат се соочени со криза која надминува се што доживеале досега.

На единствениот извор на Сува планина, Ракос, состојбата е драматична. Водата, која отсекогаш била скапоцена на овие простори, сега стана речиси недостапна.

Никола Манојловиќ, сточар со над 60 грла говеда, го сподели своето искуство и проблемите со кои се соочуваат со новинарката на Телевизија Курир, Емилија Андрејевиќ.

– Најголем проблем е водата. Изворот Ракош, кој вообичаено даваше 5-6 тони вода дневно, сега едвај испушта толку, а нам ни требаат околу 50 тони дневно – рече Манојловиќ, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.

Тој додаде дека локалната општина Гаџин Кан обезбедила цистерна, но дека таа не е ни приближно доволна за да ги задоволи потребите на добитокот.

– Без вода стоката не може да опстане, особено не на овие високи температури. Веќе изгубивме едно грло, а останатите се во многу лоша состојба. Без вода нема да издржат уште многу – додава загрижено тој.

Манојловиќ ја искористи можноста да апелира до државните институции и надлежните органи, нагласувајќи дека проблемот не е од вчера:

– Седум-осум години се бориме со овој проблем. Секоја година сушата почнува порано, веќе носиме вода од средината на јуни, но тоа веќе не е одржливо. Апелираме до државата, министерствата и претседателот да ни помогнат да најдеме трајно решение – рече Манојловиќ, нагласувајќи дека сточарите не се пасивни и дека се подготвени финансиски да учествуваат во проекти кои ќе обезбедат стабилно водоснабдување.

извор: kurir.rs

Најчитани вести