Фотографиите на Селма Хајек им се допаднаа на половина милион луѓе: Бушава коса, извајано тело

Aктерката Селма Хајек ги воодушеви обожавателите со серија фотографии објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, покажувајќи како ужива во летото.

Облечена во виолетови бикини и шегувајќи се со разбушавената коса, 57-годишната актерка изгледа совршено, а нејзината објава за помалку од 24 часа им се допадна на половина милион луѓе.

„Прекрасна жена“, „Изгледаш беспрекорно, ти си кралица“ и „Косата ти е многу убава“, се само дел од бројните коментари.

Инаку, актерката е 15 години во брак со 61-годишниот француски бизнисмен Франсоа Андре Пино, со кого ја имаат 17-годишната ќерка Валентина.

Најчитани вести