На социјалните мрежи се шират воодушевувачки видеа од модни ревии со мали деца кои мамат водишки од секој што ги погледне. Корисниците на социјалните мрежи, уживаат во ваквата соврешно слатка идила, запрашувајќи се дали сето тоа е можно, но оние што имаат деца на оваа возраст, знаат дека не е.
„Од каде ги најдоа овие деца, како може да се толку насмеани, облечени како во бајка“, „Многу се слатки“, се вели во дел од коментарите.
Но, има и такви на кои сето ова им е премногу добро, па веднаш се сетија дека во прашање е вештачката интелигенција.
„Ова мора да е Ал. Не е можно вакво нешто“.
„Да. Секој родител на дете на таа возраст знае дека децата не одат баш така“, коментира еден корисник на социјалните мрежи.
„Нормално, сето ова е создадено од вештачката интелигенција, без сомнение“, коментира една корисничка на социјалната мрежа Фејсбук.


