Благодарение на Харис, Мелина Џиновиќ сега заработува МИЛИОНИ: Ја обезбеди за цел живот

По 22 години брак, Харис и Мелина Џиновиќ се разведоа. Иако важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, нивната љубов доживеа крај.
Пејачот Харис Џиновиќ имаше многу успешна кариера кога започна врска со Мелина Џиновиќ.

Мелина во една прилика кажа дека токму Харис и помогнал да создаде успешна кариера како моден дизајнер.

– И понатаму ми е најомилено да бидам сопруга на Харис Џиновиќ од повеќе причини. Токму тој е оној кој го поддржа мојот бренд да биде таму каде што е сега – изјави Мелина.

Во една прилика таа откри дека токму Харис наместо неа донесува деловни одлуки.

– Со оглед на тоа дека сум импулсивна кога донесувам деловни одлуки и го немам животното искуство како што го има Харис, речиси сите деловни одлуки, за моја голема среќа, беа донесени токму од него – изјави тогаш таа.

Мелина, да потсетиме, отворено зборуваше дека планира уште едно дете со Харис, покрај ќерката Џина и синот Кан.

– Многу го сакаме тоа, се обвинувам себеси што сум неодлучна, требаше да одиме и на трето, што не е исклучено, сакаме… Децата и семејството ни се смислата на животот, дефинитивно, работата и се друго е на второ место – изјави пред неколку години Мелина за „Блиц“.

Најчитани вести