Неколку лица се уапсени во врска со смртта на Метју Пери, дел биле блиски со него

Американската полиција откри нови информации во врска со истрагата за смртта на познатиот актер Метју Пери.

Пет лица се уапсени поради нивната вмешаност во заговор за дистрибуција на кетамин, што ја предизвика смртта на актерот. Според обвинението, двајцата лекари првично го снабдувале актерот со неговите резерви на кетамин, а кога лековите станале прескапи, тој ги набавил од други извори, меѓу кои и жена позната како „Кралицата на кетаминот од Лос Анџелес“.

Јасвен Санга (41), позната како „Кралицата на кетаминот“, д-р Салвадор Пласенсија (42), д-р Марк Чавез (54), личните асистенти на актерот Кенет Ивамаса (59) и Ерик Флеминг (54), беа уапсени. пренесува Фокс. Би-би-си известува дека истрагата открила широка криминална мрежа на добавувачи на кетамин кои го снабдувале лекот на Пери и ги искористиле неговите проблеми со зависноста.

Ивамаса и Флеминг се споменуваат како созаговорници. Санга и Пласенсија, работеле со нив на дистрибуција на кетамин до Пери од септември до октомври минатата година. Тие му дале приближно 20 ампули кетамин во замена за 55.000 долари во готовина, искористувајќи ги неговите проблеми со зависноста, рекоа властите.

Најчитани вести