Австрискиот психијатар Виктор Франкл имал многу тежок живот, но во црнилата го пронашол патот за личен раст. Во 1941 година, тој заврши во концентрационен логор. Едвај ги издржал болката, гладот и студот. Додека телото му страдало, позитивното размислување го користел како штит од многу неволји. Тој преживеал и започнал да се занимава со моќта на мислата и верувањето. Бил сигурен дека клучот не е само здраво тело, туку повеќе силниот дух.
„Можете да изгубите сè во животот, освен една работа – слободата да ја изберете вашата реакција на она што се случува. Тоа го одредува квалитетот на животот што го живееме – не богатството или сиромаштијата, не славата или анонимноста, не здравјето или болеста“.

Начинот на кој гледаме на нашиот живот и она што нè опкружува многу влијае на нашата среќа и радост. Кога ги носите очилата на оптимизмот, животот станува многу полесен, поубав и поедноставен, а проблемите и предизвиците се помали и лесно се надминуваат.
Психологот Франкл го пронашол начинот за среќен живот, тоа е техниката на логотерапија – составена од грчкиот збор logos – збор/смисла и зборот терапија, што значи грижа. Овој тип на терапија претставува техника која му помага на поединецот да ја најде вистинската смисла во секоја животна ситуација, пишува „Lovesens“.


