Меѓу нив е и Злата Петровиќ, а сега на социјалните мрежи кружи фотографија направена пред неколку децении, која се најде на насловната страница на магазинот „Сабор“, пишува „Новости магазин“.На фотографијата Злата насмеана, го прегрнува Делон. Сепак, нема никакви докази дека тие двајца биле во врска, а пејачката се пошегува дека тој и е „скок во светот на филмот“ и дека нивната љубов „нема да трае долго“.

Го нарекуваа човекот со лице на ангел, а неговиот живот го одбележаа врските со најубавите жени, но со ниту една не успеа да одржи стабилност.
– Во суштина, јас не правев ништо, сето тоа го правеа жените. Бев луд по нив од раните денови, особено оние кои беа пет или десет години постари од мене. Кога излегов од војска, ме издржуваа неколку млади девојки. Беа луди по мене затоа што бев убав – зборувал тогаш Ален Делон за „Пари Мач“ по повод шеесет години кариера.

Меѓу оние кои беа љубови на неговиот живот се Роми Шнајдер, Натали Делон родена како Франсин Ковас која го роди нивниот син Антонио, Миреј Дарк, холандската манекенка Розали ван Бремен со која ги има ќерката Анушка и синот Ален Фабиен, како и Брижит Обер, Едвиј Фејер, Мишел Корду..


