„Дејли мејл“: Принцот Вилијам нема да го покани Хари на своето крунисување, не зборуваат веќе две години

Принцот Вилијам (42) не планира да го покани својот помлад брат Хари (39) на своето крунисување кога ќе дојде време, пишува „Дејли мејл“. Имено, браќата веќе извесно време не се блиски, а се верува дека не разговарале речиси две години.

– Оваа година тој е фокусиран на сопругата, децата и на татка си. Неговиот брат не е нешто за што да се разговара – рекол извор за „Дејли мејл“.

И на кралот Чарлс Трети и на принцезата Кејт им е дијагностициран рак. Хари и Меган наводно дознале за дијагнозата на Кејт во исто време со пошироката јавност.

Да потсетиме, неодамна Ерик Трампсин на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ги нарече Хари и Меган Маркл „разгалени“ и навести дека би можел да ги депортира. Тој изрази сомнеж дека Британија ќе ги сака назад.

– Можете слободно да си ги земете нив двајца назад. Со задоволство ќе ги испратиме од Америка. Можете да си ги вратите, но не сум сигурен дека повеќе ги сакате назад. Можеби и ние не ги сакаме повеќе – изјавил тој за „ГБ њуз“.

Неодамна, и нивниот шеф на кабинет исто така поднесе оставка по само три месеци.

– Џош Кетлер повеќе не работи за нив – изјавил извор за „Дејли мејл“.

Отказот на шефот на кабинетот е посебен удар за Хари и Меган бидејќи тој требаше да ги придружува на турнејата во Богота, Колумбија, која започна оваа недела.

Овој отказ повторно ги става во прв план предизвиците со кои се соочува парот во одржувањето на својот персонал. Имено, од нивната венчавка во 2018 година, најмалку 18 вработени го напуштиле нивниот тим.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести