„Рибља Чорба“ ги откажува сите концерти, влошена здравствена состојба на Бора Чорба

Поради лоша здравствена состојба, Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, ги откажал сите свои настапи до понатамошно известување, објави група Рибља чорба на нивната страница на Фејсбук.

„Поради нарушеното здравје, лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега. Има тешко воспаление на белите дробови како и влошена состојба со хроничната опструктивна белодробна болест. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови настани“, порачаа од групата преку социјалните мрежи.

Да потсетиме, 71-годишниот музичар исто така не настапи за Нова година поради болест.

Најчитани вести