Зачинет ослиќ, специфично посно јадење кое долго време ќе ве држи сити

Потребно е:

1 кг филе ослич

2 лажици пченкарно брашно

2 лажици бело брашно

1 лажица лута мелена пиперка

сол

вегета

масло

Подготовка:

Одмрзнатата риба исечете ја на парчиња и зачинете со сол. Направете смеса од брашно, лут црвен пипер и вегета, па во смесата извалкајте ги парчињата риба од двете страни. Оставете ги во фрижидер барем еден час. На масло пропржете ја рибата додека не добие бакарна боја.

Најчитани вести