(ВИДЕО) Дуа Липа слави роденден, но и голем успех: Во Косово беше келнерка, денес брои милиони

Светската музичарка со албански корени Дуа Липа денеска го слави својот 29-ти роденден. Пред седум години таа го издаде својот прв албум со скромно име Дуа Липа, а по тој повод во едно интервју храбро изјави дека би сакала со својата музика да го освои светот. За помалку од една деценија подоцна, тоа ѝ се исполни. Досега има освоено три Греми и седум Брит награди, а си заработи место и на листата на 100 највлијателни луѓе за 2024 година според магазинот Тајм.

Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Косово, но оттаму немало да биде препознаена во светот каде што имала јасен план да се реализира. Работела како келнерка и водителка, а кога дошло време да се запише на факултет, успеала да ги убеди родителите да ја пуштат да студира во Лондон. Нејзината кариера ја започнува во Лондон. Липа се проба и како актерка во филмскиот хит „Барби“, за кој самостојно ја напиша песната „Dance the Night“.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои „Најдобар британски соло изведувач“, „Најдобар британски нов изведувач“, „Албум на годината“, „Сингл на годината“ и „Музичко видео на годината“.

Нето богатството на Дуа Липа се проценува на 90 милиони фунти или повеќе од 100 милиони долари. Во меѓувреме, изгледа, успеала да го најде вистинскиот. По неколку кратки врски, меѓу кои и онаа со францускиот режисер Ромен Гаврас, годинава се заедно со британскиот актер Калум Тарнер. Двојката првпат беше видена заедно во јануари на премиерата на „Masters of the Air“, а кратко потоа беа фотографирани како се држат за раце, танцуваат и страсно се бакнуваат.

Најчитани вести