Се разработуваат плановите за погребот на кралот Чарлс III, открива извор за „In Touch“ и додава дека „колку и да звучи непријатно, процесот е во тек“, бидејќи постои можност за смрт на болниот монарх.
Во последните месеци, здравјето на кралот Чарлс се влоши. Бакингемската палата во февруари објави дека на кралот му е дијагностициран рак, само една недела откако претходно истиот месец беше хоспитализиран за операција на простатата.
Иако седумдесет и петгодишниот крал им се врати на своите кралски должности, изворот наведува дека не му е лесно.
„Тој се појавува во јавноста, но само за кратко“, забележува изворот. „Честопати го носат и враќаат со хеликоптер. По активностите, му треба значителен одмор“.
Како што претходно објави „Ин тач“, прогнозите се дека откако му е дијагностицирана рак на панкреасот, му остануваат само уште две години живот.
Планирањето на погребот го носи кодното име „Операција Менај мост“, име инспирирано од висечкиот мост во Велс, во чест на долгогодишната улога на кралот Чарлс III како принц од Велс. Овој план, детално разработен, ќе почне да се спроведува од моментот на смртта на кралот. Прво ќе биде известен премиерот на Обединетото Кралство, по што клучните одговорни лица ќе го активираат планот.
Потоа ќе следи официјално објавување на неговата смрт, прогласување период на жалост и организирање државен погреб.
Погребот на кралицата Елизабета Втора во 2022 година, вклучуваше десетдневни настани на кои присуствуваа 100 светски лидери и илјадници воени лица, со што беше поставен висок стандард за организирање на вакви церемонии.
Бакингемската палата потврдува дека плановите за погребот на Чарлс редовно се ажурираат. Кога ќе дојде време, кралското семејство ќе биде подготвено за соодветната церемонија за кралот.
Уникатниот вкус на Чарлс несомнено ќе се одрази на неговиот погреб. Како љубител на музика, на пример, тој нарачал нова оркестарска музика за неговото крунисување во мај 2023 година. Како заинтересиран градинар и еколошки активист, тој користел британски диви цвеќиња.
The King has joined celebrations for the Flow Country’s newly awarded @UNESCO World Heritage Site status! 👏🏅
— The Royal Family (@RoyalFamily) July 31, 2024
🌎🏴 As the world's first peatland World Heritage Site, @TheFlowCountry is an important defence against climate change. pic.twitter.com/HcWNmPForF
„Официјалните лица ќе се погрижат погребот на кралот да ги исполни неговите желби и очекувања, притоа почитувајќи го соодветниот протокол“, додаде изворот.
Чарлс стана крал во мај 2023 година, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина во септември 2022 година. Како наследник од 1952 година, Чарлс чекаше повеќе од 70 години за да стане крал. На 73 години, тој стана најстариот човек во британската историја што се искачил на тронот.
Покрај погребот, Чарлс размислува и за модернизација на монархијата. Тој планира во иднина што помалку членови на кралското семејство да имаат пристап до балконот на Бакингемската палата за време на настани како што се „Trooping the Colour“ (официјална прослава на роденденот на монархот). Тој, исто така, сака помалку важните членови на кралското семејство да бидат исфрлени од платниот список на палатата.
„Со секс скандалот со принцот Ендру и заминувањето на Хари и Меган, кралското семејство има помалку членови и не се планира да се заменат“, рече изворот.
Престолонаследникот Вилијам ги поддржувал овие промени. Откако се разболе кралот, принцот Вилијам преземал сè поголема улога во одлучувањето, појасни изворот.


