Водителката на утринската програма на Пинк, Јована Јеремиќ, долго време ужива во врска со бизнисменот Драган Станковиќ, сопственик на синџир пекари, кој е 15 години постар од неа.
Таа не крие дека Драган е нејзината најголема љубов, а сега дополнително ги изненади нејзините фанови со фотографија на која позира со него, но и со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ со кого ја имаат ќерката Леа.
Поводот за славење им бил роденденот на малата Леа, која блесна во бел фустан, додека татко ѝ, Воислав ја држи за рака.
„Мојот живот во една слика. Леа, среќен роденден. Ти благодарам што ме избра да ти бидам мајка“, напиша Јована во описот на фотографијата.


