Кристијано Роналдо стана јутјубер: Руши рекорди, a само да видите што објавува

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо си отвори официјален канал на YouTube.

Досега на каналот на Роналдо „UR • Cristiano“ се објавени 21 видео, а на него се претплатиле дури 48,6 милиони корисници на оваа платформа.

Во описот на каналот пишува само дека тоа е негов официјален профил и ги покани посетителите да се претплатат со извикот „SIUUUsubscribe“, каде зборот „Subscribe“ го спои со неговиот, сега веќе познат, извик при прославување гол.

Што се однесува до темите на видеата, според досега објавените, може да се забележи стил на вистински јутјубери – од фудбалски предизвици во кои учествува и неговиот син, до игра со неговата партнерка Георгина, каде што откриваат тајни од приватниот живот. Видеото со Џорџина, на пример, за 5 дена веќе има 40 милиони прегледи.

Инаку, Роналдо го собори рекордот уште во првиот час и половина по отворањето на каналот – за 90 минути собра еден милион претплатници.

Најчитани вести