(ВИДЕО)Сигурно не сте виделе куче да сади цвеќиња! Луѓето се воодушевени – Никој не му е рамен!

Кучињата одамна се познати по нивната извонредна интелигенција и корисност.

Имено, Оли не е само верно и љубезно куче, туку и талентиран градинар. Овој чоколаден лабрадор со задоволство ги валка шепите и им помага на своите сопственици во градината.

Како вистински експерт за цвеќиња и растенија, Оли не само што одлично ги одбира растенијата, туку често додава и украсни гипсени фигури кои ја комплетираат неговата градина. Кога го подготвува својот викенд проект, Оли ги собира сите потребни алатки и ја става својата прекрасна жолта капа за да се заштити од силното сонце. Потоа се фаќа за работа, внимателно избирајќи го идеалното место за новото цвеќе.

Ова куче никогаш не заборава да ја набие почвата со шепата и да го залее расадот за подобро да се апсорбира.

Оли и неговиот сопственик со години копаат и садат цвеќиња и многумина се воодушевени од тоа колку е трпелив, но и нежен во текот на целиот процес, пишува Пинк.рс.

Најчитани вести