Алвата потекнува од Блискиот Исток, а нејзиното име во превод значи слатка. Овој познат деликатес е направен по оригиналниот рецепт од таан, кој на многумина им е попознат како паста од сусам. Во продавница оваа состојка е прилично скапа, па во продолжение прочитајте како да ја замените со поевтини состојки, а сепак да добиете вкусно слатко кое одлично оди со кафето.
СОСТОЈКИ: 300 гр сусам
100 гр шеќер
1 лажица мед
50 мл вода
1 лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА: Во тенџере истурете ја водата и шеќерот, па оставете уште 5 минути откако ќе зоврие. Тргнете го тенџерото од оган и додадете ги медот и екстрактот од ванила. Промешајте да се соединат. Потоа додадете го добро изблендираниот сусам и мешајте додека не се соединат сите состојки. Се става во сад и се остава во фрижидер да се стегне, па се сече на коцки. Можете да додадете и ореви, лешници.


