Општина Крива Паланка годинава е носител на манифестацијата „Град на културата”, а покрај богатата програма, изминативе денови, вечерва од 22.30 часот на градскиот плоштад ќе се одржи големиот концерт на хрватската пејачка Северина, , на Голема Богородица, во пресрет на 29 август, празникот на градот и денот на чествување на светецот – закрилник на Крива Паланка, Св.Јоаким Осоговски.
Продолжува традицијата на организација богата летна култура програма во Крива Паланка, по минатогодишниот концерт на Здравко Чолиќ, кога сите патишта од земјава водеа кон Крива Паланка, велат од општината.

Инаку, изминатиов период имаше бројни настани на програмата на “Кривопаланечко културно лето” и манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”, меѓу кои Меѓународната поетска манифестација”Лирски треперења “, дворот на основното училиште “Св.Јоаким Крчовски” гостуваа”Europ’Raid”- караван на тркала”Пежо 205″ со 600 Французи. На 16 август иамше концерт на Наташа Малинкова, една од најталентираните пејачки на македонската поп сцена која донесе музичка вечер со незаборавни хитовски рефрени а утредента се одржа ретроспективен концерт на детскиот музички фестивал „Распеано симитче”.

Спектакуларна музичка завршница на “Џојфест “, во “Градот на културата”, ечеа хитовите на бендовите – учесници и најпознатите рефрени од Калиопи заедно со песните од новиот албум „Албум“, симбол на нејзината четиридецениска музичка кариера.


