При посетата на музејот „Хехт“ во Израел, дете случајно скршило вазна стара 3.500 години.
Како што пренесе Би-Би-Си од музејот во Хаифа соопштиле дека објектот датира од бронзената доба, помеѓу 2200 и 1500 година п.н.е., и дека е редок недопрен артефакт.
Музејот соопшти дека се работи за несреќен случај, а детето и неговото семејство биле поканети повторно да се вратат на изложбата како дел од организираната турнеја.
Од музејот „Хехт“ соопштија дека инцидентот се случил пред неколку дена кога момче на околу четири-пет години било во музејот.
„Има случаи кога изложените предмети намерно се оштетуваат и таквите случаи се третираат со голема сериозност, ако треба и со полиција“, ијзави Лихи Ласло од музејот.
Тој додаде дека ова не е таква ситуација и дека вазната детето случајно ја оштетило, па затоа одговорот е во согласност со намерата.
Вазната ќе биде реставрирана од специјалист за конзервација и објектот „за краток временски период“ повторно ќе биде вратен во музејот.


