Вишото јавно обвинителство Заечар нареди нови дополнителни вештачења во рамки на истрагата што ја води против двајца работници на ЈКП „Водовод“ поради сомнение дека на 26 март во Бањско поле ја убиле Данка Илиќ (2). пишува Курир.
Да потсетиме, останува уште еден месец до обвинението против осомничените Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50), а иако првично беше кажано дека сите вештачења во истрагата за убиството на девојчето се комплетно завршени и доставени до обвинителството и дека е на ред финалната фаза, односно пишување и подигнување на обвинителниот акт, но, како што дознаваме, се вршат нови доказни дејствија.
-Обвинителството нареди вештачење на снимките од безбедносните камери и одредени видео снимки. Имено, станува збор за мошне комплицирани вештачења и поради тоа трае малку подолго, меѓутоа, јасно е дека целата јавност го чека само поднесувањето на обвинителниот акт и што ќе пишува во него. Поради оваа причина, обвинителството работи многу напорна работа за да нема пропусти – неофицијално вели изворот и додава: „Дали ова последно вештачење е кец во ракавот на обвинителството, ќе се знае кога анализираните снимки од камерите и видео материјалот ќе биде доставен до обвинителството“.
По тој повод е контактирано и Вишото јавно обвинителство Заечар кое работи на случајот со убиството на двегодишното девојче од каде и официјално е констатирано дека истрагата се уште не е завршена.
– Не е завршена истрагата против осомничениот Дејан Драгијевиќ и осомничениот Срѓан Јанковиќ за кривично дело тешко убиство. Сите доказни дејствија во поглед на вештачење не се завршени и се во тек. Обвинителството ги анализира сите изведени докази, како и вештачењата, го оценува секој изведен доказ поединечно и нивната меѓусебна поврзаност – наведуваат од Обвинителството.


