Пет лица загинале денеска околу 13 часот и 10 минути во тешка сообраќајна незгода кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка. Во сударот учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС“ на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, и уште едно женско лице објавија српските медиуми.
Според директорот на Општата болница во Краљево, Зоран Мрвиќ, лекарите се борат за живот на едно лице, а во медиумите се објавува дека тоа е мајката.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.


