Кантоналниот суд во Сараево го прифатил предлогот на Обвинителството и им го продолжил притворот за три месеци на Горан Равлиќ (36) и неговата мајка Леџиба Равлиќ (76), осомничени за бруталното убиство на сопругата на Горан, Нермина Равлиќ (38), пренесе босанскиот „Аваз“.
Продолжување на притворот е побарано поради опасност од бегство, прикривање докази и евентуално вознемирување на јавноста доколку бидат ослободени.
Горан Равлиќ и неговата мајка се осомничени дека на крајот на јуни годинава брутално ја убиле Нермина. Сопругата и снаа била врзана, мачена, тепана и сексуално злоставувана. Со денови ја изгладнувале, ја кубеле и потстрижувале косата и ѝ нанесувале тешки повреди, во вид на тешки скршеници на екстремитетите, ја тепале со тапи удари по главата и другите делови од телото. Според медиумите жртвата на крајот била убиена со сукало.
Случајот се откри откако братот на Нермина започнал да ја бара сестрата, но осомничениот, кој откако ја убил, дошол во кафуле со братучед и му кажал на брат ѝ дека таа заминала. Полицијта го пронајде нејзиното тело на 28 јуни во станот на Равлиќ и ги уапси мајката и синот. Во станот биле пронајдени и предмети, како машина за мелење месо, пластични ќеси и одела, ракавици, комплет ножеви и пластични кутии со кои наводно осомничените планирале да го распарчат и ослободат од телото.


