(ВИДЕО)Објавено драматично видео од спасување во Босна и Херцеговина: Водата опколи постар човек, спасувачите не се откажуваат

Планинската спасувачка служба ПРЕЊ од Босна и Херцеговина објави драматично видео од обид да се извлече маж од островот во селото Буторовиќ Поље. На видеото можете да видите како постар господин е пред својата куќа, додека водата беснее наоколу. Тројца спасувачи се обиделе да дојдат до него, но бидејќи не било безбедно, му фрлиле јаже, но тука завршува видеото, па епилогот не се знае. Да потсетиме, големи поплави во текот на ноќта ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина. Двоцифрена бројка загинати, а точниот број се уште не е познат.

Водата влезе во станбените згради, патиштата и автомобилите се под вода, а наставата е откажана на многу места.

Најчитани вести