(ВИДЕО) „Суперталент“: Отпеа дует сам со себе и го воодушеви жирито, еден од нив удри по „златното копче“

Започна новата сезона на шоуто „Суперталент“ и веќе во првата емисија жирито удри по „златното копче“ за кандидатот Матија Петриќ, кој запеа дует сам со себе.

Жирито беше воодушевено од неговите вокални способности и веднаш му даде поддршка.

Матија Петриќ потекнува од Черник, гратче во Славонија, а неговиот животен сон е да пее секој ден. Никогаш не учел посетувал музичко училиште и пред неговиот настап на шоуто „Суперталент“ бил многу нервозен. Многумина му велеле да не се пријавува за Суперталент, но сепак го направил тоа. Тој изведе дует со себе, пеејќи со машки и женски глас и ги покажал своите извонредни пејачки способности. Неговиот емотивен настап не остана незабележан, беше награден со „златното копче“.

Најчитани вести