Петар Ќорлука, сопственикот на економскиот гигант „Виолета“, одговори на хуманитарната акција на телевизија Н1 и Нова во соработка со здружението „Помози.ба“ за помош на настраданите од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина.
Ќорлука најави дека ќе помогне во изградбата на куќите за оние кои се најзагрозени.
„Ќе помогнеме секаде каде што е најпотребно. Ќе помогнеме да се изградат куќи, ќе ангажираме фирми што прават брзи, монтажни куќи. Ќе видиме што е најпотребно и ќе се вклучиме како и секогаш“, изјави херцеговскиот бизнисмен.
Во хуманитарната кампања „За нашиот народ“ досега се собрани над еден милион КМ, (околу половина милион евра) помош за настраданите од катастрофалните поплави што погодија дел од Босна и Херцеговина.


