Семејството на Емир и Адиса Масло од Долна Јабланица беше погодено од катастрофалните поплави што речиси го избришаа нивното село. Како што раскажуваат за босанскиот „Аваз“, среде ноќ ги разбудил силен удар, одеднаш снемало струја и кал започнала да им влегува преку прозорците. Едвај се извлекле живи, но за жал нивната снаа го загубила бебето во осмиот месец од бременоста.
„Слушнав нешто татнеж, излегов на терасата, малиот веќе стоеше таму, снема струја, за среќа па ја снема, ја отворив влезната врата и погледнав кон патот. На метар ипол сме од патот, автопат. Кал пловеше по патот, неколку големи камења и бетонски столб од струја, голем се тркала и скока, водата го ископала со темелот. Ако падне ќе нè удри струен удар, но среќа па нема струја. Го зедов мобилниот да осветлам, да видам каде сме. Кога од патот куп кал се нафрли кон прозорецот и вратата и почна да не носи и нас, мене во бањата, него во собата каде што беше сопругата. Таа лежеше се уште не беше разбудена“, раскажува Емир Масло.
Адиса раскажа дека седела на работ од креветот и отишла да погледне низ прозорецот што се случува, кога здогледала како плови автомобилот на нејзиниот постар син.
„Одеднаш бран од вода, за миг ми се замагли. Седнав, почувствував кал под моите нозе и само слушнав дека нешто ме удри и почна да ме носи, со двете раце и нозе, ме влече нагоре, ме влече надолу, ништо не бев свесна“, изјави Адиса.
Емир вели дека калта ги затрупала, него во бањата, а другите во собите.
-Куќата се наполни со кал, прозорците и вратите попуштија, се урнаа ѕидовите, падна и плочата, дел врз мене. Добро ме притисна, помало парче од два метра. Тогаш, претпоставувам дека куќата како да експлодираше и не исфрли сите надвор. Околу куќата имаме голема градина, јас и малиот се освестивме во градината – изјави Емир за „Аваз“.
Адиса објаснила дека постариот син бил во дневната соба со бремената снаа, во собата имало мало прозорче, а кога водата пробила низ него, ја отвориле вратата и ја ставил сопругата на брачниот кревет и дека не мислел на себе.
„Хана, снаата го изгуби бебето, целата е изгребана. Синот и снаата ги качиле на чамец и ги однеле во Мостар. Нас не носеа на столови преку камења и шини до ресторанот, каде што дојде Итна помош. Ништо не мислев во тој момент, бев како дрво. Ми рекоа дека немам скршеници. Нозете ми беа како шпага кога ме затрупа. Си ги барав нозете, се борев, свесна сум, но што да правам? Луѓето доаѓа без престан. Сега кога гледам на телефоните, толку многу ужасот, нема село, нема ништо. Кога ме изнесоа од дома и ме однесоа во болница, не знаев што се случува, каде сум, какви се тие камења“, раскажува Адиса.


