Аурора бореалис го осветли небото над Европа и САД

Аурора бореалис, северната поларна светлина синоќа го осветли небото над европскиот континент и Соединетите Американски Држави (САД), формирајќи спектар на неверојатни бои.

Иако поларната светлина е феномен поврзан со северот на Европа, синоќа беше осветлено и небото над целиот европски континент и пошироко.

Овој феномен беше видлив на небото над Украина, Турција, САД, Канада…

Аурора бореалис се еден од најпопуларните природни феномени и се вбројуваат меѓу седумте природни чуда на светот.

Бидејќи поларната светлина е природен феномен, тешко е однапред да се предвиди нејзиното појавување. Најчесто се појавува на небото во септември, октомври и ноември или во март и април за време на пролетната и есенската рамноденица.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести