Американската полиција уапси пар кој на глупав начин се обидел да прошверцува дрога со натпис „Дефинитивно нема дрога во торбата“

Полицајците во Портланд, Орегон запреле автомобил во кој забележале торба на која пишува „Дефинитивно не е торба полна со дрога“. Тоа што потоа се случило го докажало сосема спротивното.

Полициското биро во Портланд, Орегон објави дека ја откриле торбата заедно со пари во готовина, пиштол и вага на 8 октомври за време на запирање на возило, пренесува „10news.com“.

Во торбата пронашле повеќе од 10 грама фентанил и мет.

Двајцата уапсени се обвинети за шверц на дрога дрога, неовластено користење на возило и поседување на украдено возило.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести