Viesti.me
Уставниот суд на Црна Гора на денешната седница го усвои барањето да се прекине екстрадицијата на јужнокорејскиот крал на криптовалутите До Квон.
„Барањето за прекин на екстрадицијата е одобрено и се запира пресудата на Врховниот суд на Црна Гора, Кзз. бр. 12/24 од 19.09.2024 година и постапката за одлучување за дозволата за екстрадиција на подносителот на уставната жалба Д.Х.К., до донесување на конечната одлука на Уставниот суд“, беше соопштено по седницата.
Против До Квон, кој беше уапсен во Подгорица во март 2023 година, се покренати обвиненија во Јужна Кореја, Сингапур и САД и се бара негова екстрадиција од Црна Гора.
Во септември 2023 година, Интерпол издаде црвена потерница по него за неговата улога во колапсот на криптовалутите Тера Луна и Тера вредни 40 милијарди долари.
Врховниот суд на Црна Гора на 19 септември утврди дека се исполнети условите за екстрадиција на До Квон во Јужна Кореја и САД за кривичните постапка, овластувајќи го министерот за правда да одлучува за дозволата за екстрадиција, пренесе „Вијести“.


