Конзервите се метални кутии херметички затворени со капак за да се зачува свежината на храната или пијалокот. Повеќето метални конзерви имаат внатрешен раб кој може да се отвори со отворач за конзерви или со нож и многу е важно да се внимава при отворањето. Исто така потребно е да се внимава и да не се повредите на рабовите на конзервата или од острината на капакот.
Ако конзервата за храна нема вграден прстен со кој таа лесно ќе се отвори, веројатно ќе треба да користите механички отворач за да ја отворите. Ова кујнско помагало е составен дел на повеќето домаќинства, но не секој го користи на ист начин. Нормално е го поставиме механичкиот отворач за конзерви вертикално на капакот и со вртење на рачката да ги исечеме зашилените делови за да го одделиме капакот од останатиот дел од конзервата.
Меѓутоа, пред неколку години светот беше воодушевен од ова вирално видео во кое отворачот се држи хоризонтално на конзервата, а не на самиот капак.


