Урсула фон дер Лајен пристигна во Јабланица

Фото: Аваз.ба

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во Јабланица, прво место што ќе ги посети во Босна и Херцеговина, поплавените подрачја кои однесоа многу жртви и домови на локалното население..

„Нејзината посета е фокусирана на поддршка на подрачјата погодени од поплави и зајакнување на нашиот пат кон интеграција во Европската унија“, изјави шефот на босанската дипломатија, Елмедин Конаковиќ.

Како што е најавено, Фон дер Лајен утре претпладне ќе има средби со членовите на Претседателството на БиХ и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести