Дачиќ за несреќата во Нови Сад: Осум лица загинаа, двајца се повредени

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, пристигна во Нови Сад на местото на несреќата и за новинарите изјави дека спасувачите работат на лице место со тешка механизација и дека операцијата ќе трае со часови.

„Осум лица се извлечени, осум настрадаа. Имаме контакт со две лица во урнатините. Двајца се повредени.“

На местото на настанот пристигнале и српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Да потсетиме, на железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот паднала бетонската настрешница на зградата на станицата и повредила и затрупала луѓе.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести