Весиќ се расплака на прес-конференцијата: Не сум виновен за ниту една смрт, додека сум жив ќе плачам за дедото и неговите две внуки

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на прес конференција најави дека утре ќе поднесе оставка и ќе презеде одговорност за трагедијата што се случи во Нови Сад, иако не е виновен, но сака да покаже дека во Србија мора да има и политичка одговорност и одговорни политичари.

„Луѓето кои работат со мене и јас плачевме и денес за тие луѓе. Се уште мислам на дедото кој со двете внуки тргнале да се возат со воз и ќе плачам за нив додека сум жив. Иако немам деца, не можам да дозволам некој да ме покажува со прст дека сум виновен за смртта на било кое дете, без доказ, затоа што мислат дека се им е дозволено“, рече Весиќ со насолзени очи.

Весиќ додаде дека нема да набројува што се се изнаслушал претходните денови.

„Чесен сум и одговорен и ќе се потрудам да докажам колку тие тоа го немаат, горд сум на честа на партијата и на претседателството на нашата организација и секогаш ќе бидам таков и сега кога веќе не сум министер. Благодарен сум на претседателот Вучиќ за довербата и секогаш ќе му бидам на располагање. Сакам да им изразам сочувство на семејствата на жртвите, ова е страшна трагедија“, рече Весиќ.

Тој апелираше до општеството да најде сила да спречи повторување на ваквите трагедии.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести