Фото: Скриншот
Меѓу опасностите кои демнат во океаните и морињата, има и една која се „сoкрива“ зад интересниот изглед.
Ова е необичен природен феномен кој претставува опасност дури и за најискусните капачи – „коцкасти бранови“ или „прекрстено море“.
Повеќето луѓе го познаваат морето со бранови кои се брануваат кон брегот, со релативно прави линии. Но, како би реагирале кога морете изгледа како шаховска табла?
Дури и искусните пливачи можат да бидат изложени на ризик во одредени услови, а експертите советуваат веднаш да се излезе од водата во случај на „коцкасти бранови“, пренесува „LadBible“.
Тие изгледаат многу убаво и се создаваат кога два бранови системи се судираат под агол поголем од 45 степени.
Сепак, она што се случува под површината е помалку убаво и може да доведе до несреќи. Водните струи можат да бидат сериозна закана за пливачите, сурферите, па дури и за помалите пловни објекти.
Овие бранови можат да се формираат за неколку минути и да достигнат височини до три метри, а исто толку брзо можат да исчезнат. Инаку, феноменот обично се поврзува со силни и локализирани плими.
„Коцкастите бранови“ често се појавуваат во Франција, јужниот дел на Тихиот Океан, Атлантскиот Океан и други места, затоа внимавајте на нив без разлика каде сте.


