Џенифер Лопез ги загреа фановите со храбра комбинација: Спои бикини со крзнени чизми

Џенифер Лопез ја прослави новогодишната ноќ во Аспен, Колорадо, а нејзините фанови на Инстаграм ги почести со фотографии на кои е фотографирана во необична и провокативна комбинација. Таа спои бикини со крзнени чизми.

Лопез позира со црна каубојска шапка и ланче со срце.

„Аспен, ќе се вратиме“, напиша таа покрај фотографиите од одморот.

Лопез сподели уште неколку забавни моменти од нејзиното еднонеделно патување, вклучително и неколку фотографии со 16-годишните близнаци Макс и Еме.

На снежниот одмор и се придружиле нејзината мајка Гвадалупе, сестрата Линда, менаџерот Бени Медина и други пријатели.

Актерката беше фотографирана со Кевин Костнер додека беше во Аспен, а шпекулациите за можната врска помеѓу нив веќе почнаа да се шират.

И двајцата неодамна поминаа низ тежок период. Имено, Џенифер Лопез поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек годинава, по само две години брак, додека Кевин Костнер минатата година го заврши бракот со Кристин Баумгартнер по 18 години брак.

Најчитани вести