По повод големиот христијански празник, Божиќ, поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски и неговата сопруга Андријана со фотографија упатија честитка до нивните пријатели на социјалните мрежи. Но, она што привлече внимание од фотографијата е радосната вест во нивното семејство. Тие двајцата чекаат принова во семејството.
„Честито нека е Рождество Христово – големиот наш христијански празник.
На овој ден посакуваме желби за здравје, љубов, добрина, почит, благосостојба и благодет кај сите. Нека светлината и мирот на овој свет празник ви донесат радост во срцата и бидат инспирација за заедништво и напредок. Христос се роди“, напиша Николовски со фотографијата.
Веднаш се нанижија коментари со честитки и допаѓања, особено за доаѓањето на новиот член во семејството.
„Среќни празници и успешно родство“, се вели во еден коментар.
За Бриф.мк Николовски ја потврди информацијата дека многу брзо ќе имаат нов член во семејството и откри дека чекаат машко дете.


