Детето е хит во Англија, мајка му го информирала училиштето дека е болен, а тој главна ѕвезда на фудбалски натпревар

Њукасл Јунајтед се најде на чекор до финалето на Лига купот во вторникот, откако како гости го победија Арсенал (2:0) во првиот полуфинален натпревар.

Но, големата победа на Њукасл не е тема на оваа објава, туку нивниот млад навивач Семи. Нивниот деветгодишен фан отсуствувал од училиште за да го следи натпреварот.

Семи требало да биде во училиштето тој ден, но неговата мајка ја информирала учителката дека детето не се чувствува добро. Момчето било на натпреварот и камерите го фатиле како еуфорично го прославува голот на неговиот омилен тим.

Оваа снимка го прослави, но во исто време го доведе во неволја бидејќи го видела неговата учителка.

„Почитувани родители, само да ве известам дека отсуството на Сами во вторникот, на 7 јануари 2025 година ќе биде означено како неоправдано поради медиумските снимки на кои тој е прикажан во Лондон на фудбалски натпревар. Контактирајте го училиштето доколку сакате да разговарате за ова во блиска иднина“, наводно стои во е-поштата на училиштето.

Најчитани вести