Пожарот во Лос Анџелес стигна и до населбата Хиден Хилс, поради што сестрите Кардашијан ги напуштија своите домови.
Ким, Кортни, Клои, Кајли, Кендал, Крис и Роб ги напуштија своите домови во Хиден Хилс по задолжителната наредба за евакуација.
По неколку часа наредбата за евакуација била повлечена, но не се знае дали тие се вратиле назад. Кардашијан се приклучија на кампањата за помош на пожарникарите и на сите вклучени во гаснењето на пожарите.
Тие финансираат оброци за пожарникарите, а исто така донираа пари на организациите кои помагаат пошироката област на Лос Анџелес да се опорави од пожарите.


