Nguyen Thanh Son
Новоидентификуваниот изопод на длабоко море, Bathynomus vaderi, доби име кое ги воодушеви и љубителите на филмот и научниците поради сличноста со маската на Дарт Вејдер, негативецот од „Војна на ѕвездите“.
Но, додека светот се восхитува на неговиот необичен изглед, тој со години завршува во чиниите во Виетнам.
Пронајден во длабочините на Јужното Кинеско Море, во областа на островите Спратли, изоподот може да порасне над 30 сантиметри и да тежи повеќе од еден килограм. Тим научници, предводени од Питер Нг од Националниот универзитет во Сингапур, го откриле овој вид на рибните пазари во Куи Нхн.
„Како најголем фан на „Војна на ѕвездите“ во тимот, не можев а да не ја забележам сличноста на ова суштество со Дарт Вејдер“, изјавил Нг.
Изоподот живее на длабочини од 800 до 1200 метри, во услови на целосна темнина, што дополнително ја евоцира темната страна на редот. Сепак, неговата улога во морскиот екосистем сè уште не е целосно истражена.
Иако науката само штотуку го препозна овој вид, во виетнамската кујна тој ужива статус на деликатес, споредлив со јастог, од 2017 година. Сепак, научниците предупредуваат дека прекумерен риболов, може да го загрози неговиот опстанок.
д.


