Крадци провалиле во штала и украле крава

Интересен грабеж се случил во Црна Гора, поточно во населбата Зверињак во Никшиќ.

Имено, крадци успеале да украдат една од четирите крави кои се наоѓале во шталата на семејството Ракочевиќ.

Локалните медиуми објавија дека среде ноќ крадците го скршиле катанецот на вратата од шталата и влегле внатре.

„Имам четири крави. Некаде по полноќ отидов да ги видам и катанецот беше скршен, а една крава ја немаше. Според она што го видов, едноставно, го одврзале јажето за кое беше врзана и ја извадиле. Веднаш пријавив во полиција“, изјавила Дијана Ракочевиќ.

Таа посочила дека се работи за расна крава која моментално на пазарот вреди околу 3.000 евра.

„Пред десет години купив една и од неа ги намножив и останатите. Дневно даваат и повеќе од 40 литри млеко“, изјавила Ракочевиќ. Таа ги информирала и сите месари со кои соработува во Никшиќ и околните градови.

„Ако некој знае нешто, ве молам да ме информира“, изјавила таа пред медиумите, надевајќи се дека полицијта ќе го расветли случајот.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести