Моментално е поларна ноќ во Лонгјарбиен, Свалбард. Тоа е природен феномен кој се јавува северно од арктичкиот круг и јужно од антарктичкиот круг, при што сонцето не изгрева над хоризонтот. Токму затоа е темно 24 часа на ден.
Времето во кое сонцето не изгрева зависи од географската локација на местото – на овој норвешки архипелаг во Арктичкиот океан, поларната ноќ трае од крајот на октомври до почетокот на февруари.
Во текот на месец јануари во девет часот наутро, кога повеќето од 1.800 жители почнуваат со работа, е ноќ. Исто е и напладне кога ручаат, но и по 17 часот кога се враќаат дома. Небото само повремено е прошарано со прекрасните светла на поларната светлина.
За да се одржи чувството на нормалност, домовите, улиците и работните места се осветлени со силни светла, а многумина користат и светилки за светлосна терапија. Тие имитираат сончева светлина, си го подобруваат расположението, концентрацијата, квалитетот на спиењето и енергијата, пишува Punkufer.hr.
За поларната ноќ, потребно е однапред да се подготвите, да спиете цел ден и да не излегувате на студ – просечната јануарска температура во Лонгјарбиен на островот Спитсбергерн е околу -6 степени Целзиусови.
Локалното население ужива во активностите на отворено – од возење по снег до скијање, многу луѓе одат во локалната теретана за да останат во форма.
Една од нив е Сесила Бломдал, која живее со својот партнер Кристофер и кучето Грим во областа околу Лонгјарбиен, а својот живот го споделува на нејзиниот канал на Јутјуб.
Таа вели дека носењето огнено оружје е сосема нормална работа во Лонгјарбиен. Поради опасноста од напади на поларна мечка, секој мора да биде опремен со соодветни средства за одвраќање и одбрана.
Бидејќи овде ништо не расте – и во лето и во зима – целата храна се доставува со бродови и авиони и е прилично скапа. Месечно трошат околу 1200 евра за храна.
Откријте колку навистина е темно во текот на поларната ноќ во Свалбард во видеото на Сесилија подолу.


