Студентските протести во Србија по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад не стивнуваат.
Во цела Србија вчера во 11:52 часот се одржа едноминутно молчење за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад.
При една ваква акција во Белград, една студентка беше тешко повредена откако на тротоар ја удрил автомобил. Како одговор на овој див чин синоќа се одржаа протести во Крагуевац, Ниш, Краљево и други градови.
Белградските студенти вечерва во 18 часот и 30 минути пред РТС одржуваат протест под слоганот „Наше право е да знаеме се“.
Граѓаните и студентите носат транспаренти на кои пишува: „„Запалете светло да го разбиеме медиумскиот мрак“, „Градете затвори, нема да ве соберат сите“.


