Голем скандал изби во Хрватска откако во јавноста е објавено видео на кое се гледа како вицепремиерот Јосип Дабро пука со пиштол во близина на населено место.
Хрватскиот „Јутарњи лист“ го објави видеото на кое се гледа како хрватскиот министер за земјоделство и потпретеседател на владата, додека се движи со неговиот личен автомобил пука со пиштол низ отворен прозорец, а во позадина се слуша народна музика.
Хрватските новинари веднаш побараа одговор од самиот Јосип Дабро за што точно се работи и кога е направена.
Дабро за „Јутарњи“ ја потврдил автентичноста на снимката, но тврдел дека испукал маневарски куршуми од спортскиот пиштол за кој има соодветна дозвола.
„Видеото е од пред неколку години, пукав со пиштол со ќорци. Имавме некоја приватна прослава, можеби беше раѓањето на синот на брат ми, а снимката му ја испратив исклучиво на нашиот пријател Марио Радиќ и на никој друг. Тој беше со нас цела вечер и го донесовме дома. Она што се слуша на снимката не се никакви закани. Цела вечер се дружеше со нас. Се возевме со мојот приватен автомобил, возачот беше пријател, како и другиот што снима. Се се случи кај Привлака и надвор од населбата“, изјави Дабро за „Јутарњи лист“.
На видеото се гледа јасно расположениот Дабро, лежерно облечен во шорцеви и маица со кратки ракави, па се претпоставува дека е направено во текот на минатото лето.
Дабро, од отворен прозорец пука девет истрели од пиштол ХС-2000.


