Од српскиот пазар е повлечена топка од брендот Mogly Toys. На веб-страницата на NEPRO се наведува дека овој производ може негативно да влијае на здравјето и безбедноста на децата. Играчката-топка Mogly Toys е обложена со мек синтетички материјал во различни бои и е спакувана во мрежа. Производот е означен со шифрата MKB389671 и баркодот 6991203896719 и е наменет за деца на возраст од 3 години и повеќе, стои на веб-страницата на НЕПРО.
Со испитување на производот утврдена е содржина на DEHP (ди етил хексил фталат) и DnOP (ди-n-оксил фталат) е поголема од пропишаната. Присуството на овие фталати може негативно да влијае на здравјето и безбедноста на децата.


