Најсилен земјотрес досега го погоди Санторини! Морнарицата во готовност

Грчкиот остров Санторини денеска го погоди најсилниот земјотрес до сега, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, пишува „Дејли мејл“. Во последните неколку дена се посилни земјотреси се забележани во близина на познатиот и популарен остров, кој на почетокот на февруари итно беше евакуиран, пишува Мондо.рс.

Силните земјотреси почнаа кон крајот на јануари, а од тогаш се забележани стотици силни земјотреси. Како што пишува британскиот весник, медицинскиот персонал извршил пробна евакуација на болницата.

Поради постојаната сеизмичка активност, распоредени се спасувачки екипи со дронови и кучиња трагачи. Во состојба на готовност се ставени и бродовите на крајбрежната стража и морнарицата.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести