Дачиќ по инцидентот во Врчин „Нема повредени, нема опасност од загадување на животната средина“

На железничката станица Врчин вечерва се преврте цистерна при што истече сулфурна киселина. На терен се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, како и министерката за заштита на животната средина Ирена Вујовиќ, информира српски Блиц.

– Во овој момент сите прогнози се дека нема да има штетни последици за граѓаните , рече Дачиќ.

На прашањето колку сулфурна киселина истекло од цистерната и како тоа може да влијае на животот во Србија, Вујовиќ одговори:

– Не можеме да се приближиме на местото на настанот за да ви кажеме за количините, но она што можам да го кажам и што е во надлежност на министерството со кое раководам е следење на автоматските мерни станици во близина. Засега нема вишок на сулфур диоксид, тукушто пристигна Институтот за јавно здравје во договор со Агенцијата за заштита на животната средина. И секако ќе ја следиме состојбата од минута во минута во однос на влијанието врз животната средина и ќе ги информираме граѓаните.

Дачиќ најави дека во Врчин ќе пристигне цистерна во која ќе се прелее преостанатата сулфурна киселина од вагонот, како и дека нема штетни испарувања, дека супстанцијата не е запалива, а истрагата ќе ги утврди причините за несреќата.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести