Со одржување на натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители од општина Неготино од реколтата 2024 година, започнаа активностите од четиридневното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун.
– Годинава во предвидениот рок за тоа, до општина Неготино беа доставени околу 60 мостри од кои 25 ракии и 35 мостри на бело, црвено и розе вино. Мострите беа дегустирани и оценувани од страна на комисија составена од три члена од Здружението на енолози на Македонија, појаснија од неготинската локална самоуправа.
Наградите за најдобрите тројца првопласирани во категориите вина и ракии ќе им бидат врачени в петок, на градскиот плоштад во Неготино, каде што и ќе се одржи централниот настан за одбележување на Свети Трифун.
МИА


