Ужас кај Лазаревац: Се судриле товарен воз и автомобил


Како што е наведено на Инстаграм, на профилот 192.рс, во населбата Велики Црљени околу 18 часот се судриле товарен воз од Колубара и автомобил.

„Според првите информации, се уште не се знае во каква состојба се луѓето во автомобилот“, изјавиле очевидци за агенцијата РИНА.

Тие наведуваат дека судирот бил силен, а припадници на сообраќајната полиција во моментов се на терен и вршат увид.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести