Студено утро осамна во Сјеница, која многумина веќе ја нарекуваат српски Сибир. Живата на термометарот во раните утрински часови покажа -22 степени, иако според локалните жители, субјективното чувство било дека е уште постудено, пишува Курир.рс.
– Ова се оние утра кога здивот буквално ви замрзнува, но ние сме навикнати на тоа. Ова не е ништо необично за Сјеница. Се облекуваме топло и се надеваме дека нашите автомобили ќе стартуваат. Иако, кога температурите се вака ниски, се трудиме што помалку да ги запалиме за да не се расипат – низ насмевка раскажува за РИНА еден од мештаните.

Најстудено место на Пештер секако е селото Карајукич бунар, а претходните години овде се забележани уште поекстремни ниски температури. Поточно во 2006 година токму на тој простор во ова село се измерени рекордни -39,5. Мештаните облекуваат дебели јакни, топли чевли и навлекуваат шал преку уста само за да поминат неколку метри од нивниот праг до шталата.
– Мразулците од покривот овде можат да бидат скоро еден метар. Но, сето тоа е нормална појава бидејќи зимите овде и околните села порано беа уште поостри. Мештаните се греат на дрва, огнот е преку цел ден и се излегуваат од куќа само ако треба. Овде во зима се трошат преку 20 метри дрва“, велат жителите.


